Јавниот долг намален во третиот квартал

Од:

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои има намалување во однос на претходното тримесечје.

Заклучно со 30 септември 2017, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 проценти од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 9,6 милиони евра, односно за 0,1 процентен поент .

Јавниот долг на Република Македонија, кој ги вклучува државниот и гарантираниот долг, за третото тримесечје годинава изнесува 4,69 милијарди евра, што претставува 45,8 проценти од БДП или споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 16,8 милиони евра во апсолутен износ, односно за 0,2 процентни поени.

Од Минитерството за финансии посочуваат дека намалувањето на јавниот и државниот долг се должи на отплата на обврски за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.

Минситерот за финансии Драган Тевдовски декеска соопшти дека од почетокот на јуни нето задолжувањето и на домашниот и надворешниот пазар е 27 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Надворешниот долг на Македонија се зголемил за 432 милиони евра во четвртиот квартал

Орце Костов

Хрватскиот долг во мај изнесуваше 46 милијарди евра и ќе продолжи да расте

Угостителски објекти во Грција затаиле приход од над пет милиони евра

А1он

Србија повторно се задолжува: Овој пат 340 милиони евра

А1он

Албанија се задолжи со 650 милиони евра преку еврообврзница

А1он