Србија повторно се задолжува: Овој пат 340 милиони евра

Од:

Србија ќе издава долгорочни државни хартии од вредност во вкупна вредност од 340 милиони евра, објави денеска Нова економија, повикувајќи се на одлуките на Владата до кои имала пристап и наведува дека обврзниците ќе се продаваат со директно преговарање со квалификуван инвеститор.

Причина за новото задолжување е финансирањето на буџетскиот дефицит, рефинансирањето на достасаните обврски по основ на јавниот долг, како и финансирањето на тековната ликвидност и стекнувањето финансиски средства, се наведува во одлуките на кои се повикува Нова економија.

Обврзниците ќе бидат издадени на 23 август годинава, а се поделени во две емисии.

Првата група обврзници со вкупна вредност од 250 милиони евра доспева во август 2025 година. Втората група, вредна 90 милиони евра, доспева во август 2026 година.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов