Јавниот долг на Албанија на историско највисоко ниво

Од:

Јавниот долг на Албанија првпат ја мина границата од една илјада милјарди леки и почна да се мери во билиони леки, јави дописникот на МИА.

Последните податоци од алабнското Министертво за финансии потврдуваат дека на крајот од првото полугодие од годинава, националниот долг достигнал 1 билион, 15 милијарди и 324 милиони леки (7,34 милијарди евра).

– Најголемиот дел од него е долг директно земен од владата, додека околу 60 милијарди леки (434 милиони евра) се обврски на јавните претпријатија, кои иако не се услужуваат од буџетот, владата била гарант за нив, јави тиранската телевизија Топ-чанел.

Споредено со крајот на минатата година бројките говорат дека долгот пораснал за 38 милијарди леки (275 милиони евра). Но, иако пораснал во номинална вредност, Министертвото за финансии тврди дека неговата тежина во однос на БДП, кој е најзначаен податок за долгот, се намалил од 69,17 проценти на 68,1 процент.

Во оваа бројка не се вклучени заостанатите обврски, кои се уште не се платени, а кои се во висина од околу 15 милијарди леки (108 милиони евра) или 1 отсто од дошаниот производ.

Јавниот долг на Албанија почна да расте по 2007 година, кога тогашната десничарска Влада на премиерот Сали Бериша, избра, како против одговор на кризата, агресивна фискална стимулација.

Комбинирана со бавен екомномски раст, таа услови долгот да порасне од 53,7 проценти во 2007 година на 62 проценти од БДП на крајот од 2012 година. Паралелно, освен формалните обврски се создаде и прикриен долг кон бизнисот во форма на ненаплатени фактури.

Во 2014 година, левичарската Влада на премиерот Еди Рама, заедно со ММФ изјавија дека ненаплатените фактури се 5,3 отсто од БДП. Веднаш по доаѓањето на власт таа одлучи негова легализација и исплата, според тригодишен план.

Но, демократите велат дека реалната бројка е многу помала и оти таа намерно била „надуена“ од оваа Влада за да си создаде простор да се задолжува,

Владата на премиерот Рама, во средината на јуни, се задолжи со 250 милиони евра земајќи кредит од „Дојче Банк“, но за да може да ја реалзиира оваа финсиска операција, значи земањето на кредитот, потпиша договор како гаранција, во износ од 200 милиони евра, со меѓународната банка за обнова и развој,која е дел од Светска банка.

Во ноември и се очекува да доспее првата албанска Еврообврзница издадена пред пет години во износ од 300 милиони евра. Таа беше издадена да се покрие високиот износ на еден кредит што владата на бериша го зема за изградба на сегменти од автопатот Драч-Кукс.

Во анализата направена на почетокот на годинава од страна на „Опен Дата Албанија“, во 2014 година долгот по глава на жител во Албанија достигнал рекордно ниво од 363.750 леки или околу 3.600 долари.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек