Јапонски тур-оператори заинтересирани за Македонија

Од:

По македонската промоција на Саемот за туризам „JATA Expo 2017” во Токио, јапонски тур-оператори се подготвени да почнат соработка со Македонија, соопшти денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Станува збор за Tobu top tours, Nippon travel agency, Yomiuri travel service, World air-sea service, H.I.S. од кои дел веќе имаат организирано кружни тури низ балканскиот регион.

Претставувањето на Македонија на „JATA Expo 2017” беше на заеднички штанд со Србија, Црна Гора, БиХ и Албанија, на иницијатива и во организација на Јапонска агенција за меѓународна соработка (JICA). Од тоа, како што информира АППТ, се создаде заедничка стратегија за појавување на нови пазари.

Туристичките потенцијали на Македонија ги претстави директорот на АППТ Алекандар Донев, а со поддршка на Македонската амбасадa во Токио, посетителите имаа можност да дегустираат македонска храна и вино, но и да учествуваат во квиз-шоу на кое како награда се доделуваа автентични предмети од Македонија со цел доближување на македонската култура до овој пазар.

– Трендот на туристичкиот пазар од Далечниот исток цели кон вмрежување на земјите од Балканот и нивно заедничко претставување на трети пазари. Ова е одлична можност за Македонија, зашто само за неколку дена остваривме повеќе состаноци со јапонски тур-оператори кои несомнено го изразија својот интерес за Македонија и Балканот како целина. Тур-операторите, Tobu top tours, Nippon travel agency, Yomiuri travel service, World air-sea service, H.I.S се веќе подготвени за почнување соработка со Македонија, а дел од нив имаат организирано кружни тури низ балканскиот регион, изјави Донев.

„JATA Expo 2017” е најголемиот туристички саем во Азија каде се претставуваат сите 47 региони од Јапонија и 130 земји од светот. Брои 190.000 посетители и 1.310 тур-оператори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија