Јаневски: Конкуренцијата е голема, мора да го прилагодиме туризмот за да не заостанеме

Од:

Креирање понуди за мали групи туристи кои сакаат неоткриени дестинации и кои повеќе трошат, нови атрактивни локации и викенд пакети, развивање еко и рурален труизам, вложување во сместувачки капацитети, во услуги, но и во соодветни кадри. Ова се само некои од начините што ќе овозможат домашниот туристички производ да остане конкурентен и да ги следи трендовите што ги наметна корона пандемијата.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски, ако не успееме да се прилагодиме, ќе останеме брзо зад другите и од лидер за раст во Европа, можеме да станеме дестинација која бавно закрепнува по КОВИД-перидот.

Според него, повеќето земји стартуваат со големи буџети, поради што конкурентноста во регионот и во Европа е многу голема.

Препорака на директорот е туристичкиот сектор што помалку да размислува за субвенционирање и помош.

-Пандемијата покажа колку сме подготвени да се менуваме и прилагодуваме. Многу мал број македонски тур-оператори се носители на турите тука. Најавените чартер летови за 2022 година се на странските тур-оператори, а нашите се нивен сервис, рече Јаневски.

Тој, сепак, е задоволен од тоа како ќе ја завршиме годината. Истакна дека се враќаат српскиот, полскиот и косовскиот пазар. Во однос на турските гости, најави дека со Турција се преговараат нови чартер летови од Истанбул за Скопје и за Охрид, како и од Измир за Скопје и за Охрид.

Јаневски уште еднаш го коментираше буџетот што и е одобрен на Агенцијата за 2022 година, подвлекувајќи дека токму од висината на доделните средства ќе зависи реализацијата на многу проекти и учеството на саеми.

Презентирајќи го сработеното на АППТ во 2021-ра, Јаневски рече дека е задоволен. Согласно септемвриската статистика, напомена, Северна Македонија како туристичка дестинација надмина два милиона ноќевања.

Стопроцентно се реализирани и субвенциите, вкупно 542.271 евра, од кои домашните оператори добија 6.721 евра, а странските 535.550 евра.

Во однос на програмските активности за 2022 година, Јаневски најави туристичкото брендирање на дестинацијата со слоган, лого и комуникативни канали, реализирање национална туристичка кампaња на Google и YouTube, реализација и имплементација на платформата е-туризам, национално претставување на туристичкиот потенцијал на саемот во DUBAI-EXPO 2020, заедничко учество во меѓународни туристички манифестации (во тек FITUR, EMITT, ITB Berlin) и останати по барање на туристичкиот сектор, организирање информативни патувања, блогери, влогери, инфлуенсери, медиуми и туроператори, креирање нови промотивни материјали (активни форми на туризам, гастрономија, топ 20 туристички дестинации, дигитални номади), организирање промотивни кампањи во примарни и секундарни пазари, продукција на 360 виртуелни тури, редизајн на туристичката платформа www.northmacedonia-timeless.com, валоризација на граничните премини, изработка на туристичка и гастрономска мапа, поставување туристички информативни знаци на коридорите 8 и 10 и останати патни правци, поставување нови билборди по патните правци Е-75 и други, како и обележување на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари”.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска