Јанакиески: Ако не се усвои буџетот, не ќе може да се одржуваат и расчистуваат патиштата

Од:

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при посетата на местото Белчишта во општина Дебарца, кое беше завеано од силните снежни наноси, изрази загриженост дека нема да биде можно да се расчистуваат и одржуваат патиштата во зима ако не биде усвоен Буџетот за 2013 година.

– Доколку Собранието не ги усвои Буџетот на Република Македонија за 2013 и законските решенија во делот на патниот сообраќај, се доведува во прашање одржувањето и расчистувањето на патиштата во земјата во неповолни временски услови, изјави Јанакиески во Белчишта.

Министерот ги повика на разумност пратениците од СДСМ да не го блокираат процесот на донесување на Буџетот за наредната година зашто е, пред се, од значење за граѓаните на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска