Извозот во првите три месеци зголемен за 17 проценти

Од:

Во првите три месеци од годинава извозот на стоки од Македонија изнесува 1.112.587.000, а увозот 1.696.617.000 американски долари. Извозот во однос на првиот квартал од минатата година бележи зголемување од 17, а увозот 13 отсто.

Како што објави Државниот завод за статистика покриеноста на увозот со извоз е 65,6 проценти, а трговскиот дефицит изнесува 584.031.000 американски долари.

Македонија најмногу извезува катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производи од железо и челик (валани производи) и облеката, а увезува платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Од вкупно извезените стоки, 80,1 проценти завршиле во ЕУ, а 12,4 проценти во земјите од Западен Балкан. Најмногу или 63,2 проценти се увезувало од ЕУ.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава

Зголемени увозот и извозот на земјоделски производи на ЕУ

А1он