Извозот на Бугарија во ЕУ зголемен за 3,6 проценти

Од:

Во периодот јануари-јули извозот на Бугарија во земјите од ЕУ е зголемен за 3,6 проценти во однос на истиот период од лани и достигна 15,2 милијарди лева (7,76 милијарди eвра), покажуваат првичните податоци на нугарскиот Национален институт за статиситика.

Како што јави БТА, во јули бугарскиот извоз во ЕУ се зголемил за 7,5 проценти во однос на истиот месец од 2013 година и изнесувал 2,6 милијарди лева (1,33 милијарди евра).

Увозот на Бугарија од ЕУ во периодот јануари-јули пораснал за 2,3 проценти во однос на истиот период лани и достигнал вредност од 17,7 милијарди лева (9,03 милијарди евра). Најголем е обемот на увезени стоки од Германија, Италија, Романија, Грција и Шпанија.

Во јули увозот на Бугарија од земјите-членки на ЕУ е намален за 4,2 проценти во однос на истиот лански месец и доситгнал 2,7 милијарди лева (1,38 милијарди евра).

Надворешно трговскиот биланс на Бугарија со ЕУ во периодот јануари-јули бил негативен и изнесувал 2,5 милијарди лева (1,27 милијарди евра). 

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Земјотрес во Бугарија

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8