Извезени првите готови производи од „Дрејкслмаер“ во Кавадарци

Од:

Започнаа да се извезуваат првите готови производи електрични кабли за мерцедес „це“ класа од германската фабрика на „Дрекслмаер” во Кавадарци, соопшти денеска Илија Тренчев, претседател на Советот на општина Кавадарци. Првиот извоз, според него, бил испорачан деновиве.

– Најголемо наше задоволство кое заслужува многу големо внимание оти токму во Кавадарци дојде оваа германска инвестиција при што засега се вработија над 300 работници, а во неколку фази ќе се вработат околу 4 илјади работници, изјави Тренчев.

Според него, Владата на Република Македонија има голема заслуга за тоа што германскиот инвеститор одлучи да инвестира во Кавадарци. Менаџерскиот тим на компанијата исто така има голема заслуга затоа што создаде добар тим на работници кои успешно го реализираа првото производство по највисоки стандарди. Ова е голем успех за сите нас и посакувам тој извоз постојано да расте. Морам да нагласам дека нашите работници се вредни и со првото производство потврдија дека знаат да произведат квалитет, наведе Тренчев.

Првите количини готови производи се извезени  од капацитетите на Дрексламер која мометно работи во погоните на ИГМ Трејд Кавадраци,  додека во меѓувреме интензивно се гради новиот објект на германскиот инвеститор, на влезот на Кавадарци од кај Росоман.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он