Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Од:

Сто деведесет и два вонредни надзора во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ). Притоа, за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.

Според АХВ, уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

-Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите. Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната, информира АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

Најмалку 57 луѓе починаа во Газа од неухранетост

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

Аферата во Украина: Се збогатија купувајќи храна за војската, купија хотели во Хрватска

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски