Изработен прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што сè спаѓа во домашни производи

Од:

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на КОВИД-19 кризата, домашната платежна картичка е наменета исклучиво за македонски производи и услуги, додека повратот на ДДВ преку МојДДВ за македонски производи е покачен од 15 на 20 проценти. За да се информира јавноста што сè спаѓа под „македонски производи“, Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со 16 често поставувани прашања.

Документот, како што соопшти Министерството, е изготвен заедно со Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Организацијата за заштита на потрошувачи, Царинска управа и УЈП.

– За целите на купување со домашната платежна картичка, производ може да се смета како домашен – македонски производ, доколку се производи и стоки за финална потрошувачка произведени од правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија, освен алкохолни пијалаци, тутун и преработки на тутун, се вели во соопштението.

За целите на искажување на прометот од македонските производи во фискалните сметки, посочуваат од МФ, производот може да се смета како домашен-македонски производ, доколку на неговата декларација, согласно Законот за заштита на потрошувачите, е наведено дека е произведен на територијата на земјава.

Би можело да ве интересира

МФ: Потпишани се договорите со Развојната банка за пласман на 250-те милиони евра за приватниот сектор

МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економските раст, борбата со корупцијата и сивата економија

А1он

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР