Сојузот на стопанските комори денеска ќе ја промовира новата дигитална услуга, односно издавањето електронски уверенија за потекло. Услугата е наменета за извозно ориентираните компании и со неа се очекува да се забрза и да се олесни работата на компаниите.
Уверенијата им се потребни на извозно ориентираните компании како потврда за потеклото на производот при извоз. Досега овие уверенија се издаваа во хартиена форма.
На настанот се најавени обраќања на претседателката на Сојузот на стопанските комори Данела Арсовска и помошник-директорот на Царинската управа Златко Ветеровски.