Издавачот на Дејли Мирор и Дејли Експрес ќе укине 550 работни места

Од:

Издавачот на британските весници Деји Мирор и Дејли Експрес, Рич (Reach), планира да укине околу 550 работни места, бидејќи поради епидемијата на коронавирусот повеќе читатели се префрлиле на Интернет, а во исто време се намалени и приходите од рекламирање.

– Структурните промени во медиумскиот сектор се забрзаа за време на пандемијата и тоа доведе до зголемено прифаќање на нашите дигитални производи, се вели во изјавата на извршниот директор на Рич, Џим Мулен.

– Покрај тоа, поради намаленото рекламирање, не гледаме сразмерни зголемувања на дигиталните приходи, истакна тој.

Претставници на Рич велат дека компанијата планира намалување на бројот на персоналот за околу 550 вработени или 12 проценти од својата работна сила – бидејќи се обидува да заштеди годишни расходи од 35 милиони фунти.

Компанијата, која исто така поседува голем број регионални весници во Велика Британија, соопшти дека преструктуирањето би ја чинело групата 20 милиони фунти. Приходите на Рич паднаа за 27,5 проценти во вториот квартал, „погодени од намалениот тираж и рекламирање“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он