Ивент-индустријата продолжува со протести пред Владата и денеска

Од:

Ивент-индустријата и денеска ќе протестира пред Владата од 12 до 15 часот.

„Најмалку што очекувавме од Владата беа медиумски оркестрирани напади кон нас и извртување на фактите наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија. Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници, кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите други сектори, а тоа се 6 плати и некои компании зедоа кредити. И тоа се сѐ. А не работиме веќе 14 месеци“, велат од Асоцијацијата ИВАП.

Од таму велат дека пакет-мерките и еден или два милиона ниту е донесен ниту e објавен.

„Условите никој не ги знае, кој сѐ ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2.000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трет ден протести на Ивент индустријата пред Влада

Ана Ололовска

ИВАП: Компаниите од индустријата за организација на настани се пред колапс

Ана Ололовска

Ивент индустријата од денес на протести пред Влада

Ана Ололовска

Асоцијација ИВАП бараат средба со Владата и решение за нивната работа најдоцна до 29 март

Ана Ололовска

ВИДЕО: „ПОМЕН – една година тишина“, компаниите за организирање настани протестираа пред Владата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Ивент компаниите в понеделник на собир ќе побараат од Владата да изнајде начин и да им помогне

Ана Ололовска