Ивановски: Вие давате пари за мртви луѓе а ние бараме за потребите на живите

Од:

Од досега поминатите 100-на амандмани од опозицијата, власта не прифати ниту еден.

Министерот за финансии не дава пари ниту за формирање Јавно сообраќајно претпријатие во Битола.

„Зошто ја казнувате Битола, поради лошите резултати на минатите избори за ВМРО-ДПМНЕ.  Дозволете и на колешката Кузмановска да биде битолчанка, а не да  се срами “, забележа Весна Бендевска

Министерот Ставревски  ја праша по кој закон може државата да формира ЈСП во некоја општина.

„Вистинската цел на СДСМ е да не се донесе буџетот. Однесувајте се сериозно и одговорно. Дајте  совземете се , навреме да ги исплатиме земјоделците и пензионерите.  Не го доведувајте во прашање функционирањето на државата. Сите ќе трпат поради вашата неодговорност. Ни една опозиција не го опструирала носењето на буџетот“,  им забележа  Ставревски.

„Празен ни е буџетот господине Ставревски. Кажете ми една земја која е во тешка состојба а гради споменици. По кој закон издвоивте 14 милиони за споменици . По кој закон ги плативте врбите во Вардар. Ние не го блокираме буџетот. Ние бараме за вода и инфраструктурни објекти, фекални канализации, а не за споменици“, врати Бендевска.

„До кредибилитетот е. Вие мислите дека ако кажете нешто ќе ви поверуваат граѓаните Не ја доведувајте во опасност државата поради тешката состојба“, рече министерот.

Вие ги дадовте  сите пари за мртвите, а ние бараме за живи луѓе, укажа Игор Ивановски.

Праша до каде ќе оди ова лудило.

„Не мислев  дека наместо квалитетна и кавлитативна дебата за буџетот, вие министре ќе ги читате тезите на Илија Димовски“, изјави од говорницата на Комисијата за финансирање и буџет, Игор Ивановски.

„Најдобар одговор за навредлив напад е трпеливоста и одмереноста“ сп зборовите на Молиер, одговори Ставревски.

 

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски