Високите тонови на надзорната расправа за субвенциите продолжија. Игор Ивановски упорно го прашуваше вицепремиерот Зоран Ставрески како се искористени 50-те илјади евра кои што ги доби кавадаречката фирма „МАГРИВА ДАЛ“ за 10 хектари насади со ореви.
Парите, рече Ивановски, се дадени на три лица, членови на ВМРО-ДПМНЕ.
„Следната година треба да ги береме оревите“, но покажа фотографии на кои што се гледаат голи ниви без ниту едно дрво. Процедурално реагираше пратеникот од Социјалистичката партија, Малиша Станковиќ.
Побара да се смират пратениците од опозицијата и рече дека расправата е лакрдија, дека Ивановски држи монолог и не му дозволува на Ставрески да одговори.
Ми истече времето, рече Ивановски и нема време да го прашам Ставрески за злоупотребите на Оливера Бичиклиска, сопруга на Александар Бичиклиски.
Одговарајќи му на Ромео Тренев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Ставрески ги повтори податоците дека оваа влада досега вложила 375 милиони евра во субвенции, дека има значителни ефекти во извозот на земјоделски производи и дека оваа политика што ја води ВМРО-ДПМНЕ е најдобра за земјоделците.
Започна сослушувањето на вицепремирот Владимир Пешевски.