Италијанскиот пазарен регулатор го казни Амазон со 1,13 милијарди евра

Од:

Италијанскиот регулатор за конкуренција на пазарот денеска ја информира јавноста дека го казнил американскиот онлајн малопродажен гигант Амазон со 1,13 милијарди евра поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.

Амазон и наштети на конкуренцијата во логистичките услуги во интернет трговијата, соопшти италијанскиот регулатор.

Амазон има доминантна позиција на италијанскиот пазар на посреднички услуги и тоа го искористи за меѓу трговците на платформата Amazon.it да ја фаворизира својата логистичка услуга „Fulfillment by Amazon“ (FBA), на штета на логистичките услуги на конкуренцијата, посочија тие.

Истовремено, Амазон дополнително ја зајакна и онака доминантната позиција на пазарот, додаваат од регулаторот.

Компанијата поради тоа е казнета со 1,13 милијарди евра, а регулаторот најави дека ќе и пропише и корективни мерки, чие спроведување ќе го следи специјален комесар.

Амазон не беше во можност веднаш да ја коментира одлуката на италијанскиот регулатор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Ана Ололовска

Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд

Ана Ололовска