Истекува рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството

Од:

Рокот за поднесување барања за субвенции во земјоделството истекува на 31 мај годинава, а од ресорното министерство апелираат сите кои се уште не поднеле барање да се обратат во подрачната единица каде што имаат регистрирано земјоделско стопанство за да поднесат барање во пропишаниот рок.

Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.

– Стриктното почитување на рокот на поднесување барање за финансиска поддршка треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината, кој е усогласен со типот на земјоделското производство, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници