Истекува рокот за откуп и закуп на државни станови, поднесени 1.000 барања

Од:

Над 1.000 барања за склучување договори за откуп, пренос или за закуп на станови во сопственост на државата кои што се користат бесправно се доставени до денеска до Министерството за транспорт и врски.

За откуп на станови се доставени 769 барања, 188 за пренос, а 28 за закуп, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Рокот за можноста граѓаните да достават барање и да се изјаснат за начинот на користење на државните станови истекува денеска. Барања се поднесуваат и до АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

Според податоците на ресорното Министерство и на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, во државава има над 2.500 станови, коишто се користат безправно, односно се дивовселени  дадени под закуп до 2006 година или се општествени станови.

Корисниците на становите кои нема да достават барање ќе ја изгубат можноста за сопственост, односно по автоматизам ќе добијат решенија за закуп.

Во изминатиот месец тимови на државното станбено претпријатие пред граѓаните корисници на државни станови ги презентираа условите за откуп и закуп.

Според Законот за домување што стапи во сила на 7 јануари годинава, граѓаните до денеска треба да достават само барање, а целата останата документација ќе им биде средена по службена должност.

Висината на закупнината се определува во зависност од примањата на семејството што го користи станот, а за социјално ранливите категории, корисници на социјална помош ќе нема закупнина.

Нерегулираниот статус на становите кои се користат бесправно по основ на сопственост или закуп, според плановите на Министерството за транспорт, треба да се реши до септември годинава. 

Би можело да ве интересира

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Европјаните се откажуваат од многу работи за да платат за домување

Предраг Петровиќ

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Газдите може да ги издаваат становите по цени колку што сакаат: Пратениците против утврдување на горна граница за кириите

A1on

Цените на становите во Скопје со раст од седум отсто во четвртиот квартал лани

Цените на становите во Скопје со раст од 11 проценти на годишно ниво

A1on