Исплатени субвенциите за трета фаза произведено и предадено млеко

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.469 субјекти, исплати 220.265.958,00 денари за трета фаза произведено и предадено млеко.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средства од мерката „директни плаќања за произедено кравјо, козјо и овчо млеко“.

Согласно оваа мерка финансиска поддршка од 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко е исплатена за фармерите кои имаат произведено кравјо млеко, додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои во период мај – септември произвеле и предале овчо и козјо млеко. Заедно со денешната исплата од над 220 милиони денари на сметките на сточарите само за произведено и предадено млеко во 2020 година, исплатени се вкупно 483 милиони денари.

– Средства за исплата на земјоделски субвенции има, земјоделците се наш партнер и грижата за овој сектор е приоритет на оваа Влада. Агенцијата продолжува со пракса на неселективна исплата за сите кои правно – законски ги исполнуваат условите за добивање на финансиска поддршка во земјоделството, вели Бачовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи