Исплатени субвенциите за фармерите кои одгледале и заклале говеда во регистриран кланичен капацитет

Од:

На 242 лица им се исплатени 5.082.000 или над 81.000 евра за мерката Одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

-Праксата за навремена и неселективна исплата на субвенциите продолжува. Парите за земјоделски субвенции се исплаќаат во период кога на земјоделците средствата им се најпотребни, кога имаат потреба од свеж капитал за новата реколта и новото производство, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

Според него, како што се обработуваат апликациите за добивање субвенции со Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, така ќе следи и исплата по мерки соглaсно планираниот календар за исплата.

Од крајот на минатиот месец до денеска Платежната агенција исплати преку 30,5 милиони евра од кои на 26.300 одгледувачи на житни култури 5,5 милиони, 16 милиони евра легнаа на сметките на одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки, додека околу девет милиони евра добија над 15.000 лозари.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи