Исплатени 71 милиони денари за овошни, лозови насади и градинарски култури

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 71 милион денари на 3.117 земјоделци за одржување на овошни и лозови насади и производство на градинарски култури.

Како што соопшти Министерството за финансии, од овие средства 39,9 милиони денари им се исплатени на 1.035 земјоделци за одржување на овошни насади.

На 2.016 земјоделци им се исплатени 30 милиони денари за производство на градинарски култури.

Исто така, исплатени се 1,6 милиони денари на 66 лозари за одржување на лозови насади.

– Владата на Република Македонија и министерството за финансии со редовна исплата на субвенциите за земјоделците останува доследна поддршката на земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи