Исплатени 455,3 милиони денари субвенции за сточарите

Од:

Министерството за финансии денеска исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството.

Како што соопшти Министерството за финансии, средствата ќе им бидат префрлени на 12.403 сточари за одгледување говеда и овци. Исплатени се 196,1 милион денари на 10.693 сточари за одгледување говеда и тоа 2.800 денари по грло говедо и 259,2 милиони денари на 1.710 лица за одгледување овци, односно по 1.000 денари по грло и дополнителни 700 денари за секое оставено женско јагне.

– Владата на Република Македонија продолжува со поддршката на земјоделството, како една од носечките економски гранки, преку редовна исплата на субвенциите, наведува Министерството за финансии во соопштението.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници