ВИДЕО: Исплатена задоцнета социјална парична помош од 2011. година

Од:

Министерството за труд и социјална политика месецов врати неисплатена социјална парична помош за граѓани кои што примале социјална помош и туѓа нега од декември 2011. година, соопшти денеска министерката Мила Царовска.

– Во 2011 година на граѓаните кои што примале социјална помош и туѓа нега им е украдена една исплата. Наместо за правата кои што требало да ги остварат во ноември за туѓа нега и за социјална парична помош да добијат исплата во месец декември, таа ја добиле во јануари 2012 година. Со ова се случува скратување на еден месец во исплата на правата. Со ова биле оштетени повеќе од 30 илјади граѓани, со вкупна сума од над 240 милиони денари, рече Царовска.

Таа кажа дека на 1. септември граѓаните добиле една исплата, таа која што била задоцнета и сега на 14. септември имало и втора исплата, за да се исправи неправдата која шти им била направена пред шест години.

За дополнителната исплата средства биле обезбедени со ребалансот на буџетот.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска