МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

Од:

Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП) по денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

Како што информира Министерството, на седницата била презентиранa Методологијата за раст на платите во јавниот сектор со која се предлага нов транзициски период од 2023 – 2025 година, односно зголемување на платите во период од 2,5 години.

-По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат н

Седницата на ЕСС ќе продолжи во понеделник, а ќе се разгледуваат новите понудени предлози за пресметка на платата на вработените во јавниот сектор.

-По конструктивната дискусија меѓу социјалните партнери во однос на предлогот, се донесе заклучок дека периодот на транзиција од 2,5 години е прифатлив, а владините претставници ќе направат нови симулации согласно понудените предлози од страна на синдикатите, наведува МТСП.

Со седницата претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На ЕСС беа присутни вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, државната секретарка на Министерството за економија Размена Чекиќ – Дуровиќ, претставници на синдикатите, работодавачите и институциите.

Седницата почна со едноминутно молчење и оддавање почит кон прерано починатиот Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикатите (ССМ).

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Тренчевска: Се уште чекаме информации од ЈО во Струмица за случајот со детето донесено на Детска клиника

Тренчевска: Ги чекаме извештаите од надлежните институции за да можеда преземеме чекори