Исландско искуство: Оставете банките да банкротираат

Од:

Исландскиот претседател, Олафур Рагнар Гримсон, вели дека на банките треба да им се дозволи да банкротираат, како што и се дозволува на секоја друга фирма. Според интервјуто за Дојче Веле, Гримсон вели дека банките се приватни фирми и ако прават големи грешки треба да банкротират.

Исланд е една од ретките земји која за релативно кратко време успешно се опорави од глобалната финансиска криза од 2008 година, без помош од ММФ. Оваа држава стана симбол за отпор против глобалните економски кризи и глобалните методи за решавање на кризата.

– Постојат две причини зошто Исланд се опоравува со растечка економија и опад на невработеноста. Како прво, ние на самиот почеток сфативме дека не се работи за финансиска или економска криза, туку за длабоко политичка, социјална, па може да се рече и правно системска криза. Затоа во секој од овие сектори спроведовме темелни реформи. Во останатите делови на Европа на кризата се гледаше исклучиво како економска криза. И второ, ние не се држевме не досегашните востановени рецепти за излез од криза, рече Гримсон.

Тој додаде дека клучот на исладнскиот успех е во банкротираните банки.

– Ние им дозволивме на банките да одат под стечај. Јас секогаш се прашував: зошто се однесуваме како банките да се свети храмови на модерната економија? Што ги разликува банките од останатите компании, како на пример телекомуникациските или за транспорт? Тоа се се‘ приватни фирми и ако прават грешки, тогаш треба да ги пуштиме да одат под стечај. Во спротивно на банките им се испраќа сигнал дека можат да прават што сакаат, вели исландскиот претседател.

Гримсон вели дека ММФ признале дека многу научиле од исландското искуство.

Би можело да ве интересира

Лавата по ерупцијата на вулкан на Исланд стигна до источната одбрана на Гриндавик

Горан Наумовски

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски

Евакуирана Сината Лагуна, се очекува ерупција на вулкан на Исланд

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

(ВИДЕО) Нова ерупција на вулкан на Исланд, по патиштата се излева лава

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нова вулканска ерупција на Исланд

Катерина Ѓуровски