Иран има нафта до 2092 година

Од:

Иранското Министерство за енергетика наведува дека пронашле околу шест милијарди барели нова нафта.

Доколку актуелното производство и извоз се одржат, Иран ќе има залихи на нафта за 80 години и природен гас за 150 години.

– Новото наоѓалиште е откриено во рамки на нафтеното поле Јадараван, изјави иранскиот министер за нафта Ростам Касеми.

Кон крајот на минатата година иранските нафтени резерви се зголемија на огромни 154,8 милијарди барели.

Иран инаку, има потешкотии околу продажбата на нафта поради се построгите санкции на САД и на ЕУ кои се воведени во јануари годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран со нова балистичка ракета им се заканува на американските бази

Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

Израел: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура

(ВИДЕО) Експлодирало воено гориво, 25 мртви и 800 повредени, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ