Иран е против намалување на производстото на нафта за да се зголеми нејзината цена

Од:

Иранската влада се противи на предлозите за ограничување и намалување на дневното производство на нафта, за да се потикне растот на цената, пишува лондонски „Фајненшл Тајмс“.

Весникот тврди дека официјален Техеран смета оти тоа не е во интерес на Иран.

Иранската влада настојува максимално да го зголеми своето производство на нафта, за да ја потикне домашната економија, која долго време беше под меѓународни санкции.

Неколку земји, производители на нафта и членки на ОПЕК, бараат намалување на црпењето нафта, како мерка за да се зголеми нејзината цена.

Најмногу тоа го бара Венецуела која поради драстичниот пад на приходите од нафатата, предизвикани од долготрајната ниска сена на „црното злато„ се соочува со тешка економско-финансиска и политичка криза.

За криза првпат зборува и владата во Ријад, која досега беше против намалување на дневното производство.

Саудијците сепак ја менуваат својата позиција, откако беше соопштено дека за прв пат во својата историја, се намалуваат платите на вработените во јавниот сектор, како последица на големиот буџетски дефицит од околу 90 милијарди доари.

Барање за намалување на производството бараат и Либија и Нигерија.
Светските медиуми најавуваат дека вакво решение би можело да биде ставено на дневниот ред и прифатени од сите, на следната конференција на земјите чланки на ОПЕК, во ноември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Иран со нова балистичка ракета им се заканува на американските бази

Аракчи: Иран има право да поседува нуклеарно гориво

Израел: Договорот со Иран мора да вклучува уништување на нуклеарната инфраструктура

Иран: Спречен еден од најголемите сајбер напади врз иранската инфраструктура

(ВИДЕО) Експлодирало воено гориво, 25 мртви и 800 повредени, објавени детали

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Предраг Петровиќ