ВИДЕО: Инвестиции од повеќе од осум милијарди евра, најави премиерот Заев за следните шест години

Од:

Вкупната вредност на Интервентниот план за инвестиции ИПИ 2021-2027 изнесува повеќе од осум милијарди евра, порача премиерот Зоран Заев при денешната презентација во Владата.

Најголем дел од нив, како што кажа, се приватни инвестиции или грант донации од ЕУ, концесии, јавни приватни партнерства, или се заедно вкупно 4,2 милијарди евра. За следните пет години најави голем број на инвестиции во ски-центри, енергетиката, патната, железничката и гасната инфраструктура, капацитети за преработка на отпад, како и најмалку 30 странски инвестиции во вредност од 654 милиони евра во блиска иднина на повеќе локации во земјава со голем број нови работни места.

-Наши државни пари од сопствен буџет, а дел од кредитните линии коишто се потпишани се повеќе од 3,8 милијарди евра, што значи заедно надминуваме осум милијарди евра инвестиции, прецизира Заев.

За ефикасна реализација на ИПИ 2021-2027, како што кажа, ќе биде формирана и единица за следење на инвестициите која ќе претставува координативна група од јавниот и приватниот сектор и ќе биде одговорна за раководење со процедурите за справување на Интервентниот план за јавни и приватни инвестиции.

Силно верувам, посочи, дека здравствената криза одминува и дека само со работа, искрени намери и труд, ќе има подобри услови и постојано подобрување на животниот стандард за сите македонски граѓани.

-Владата е тука да даде мотив и поддршка за економска стабилност, за раст и развој на нашата држава, за мирен и стабилен живот на нашиот народ. Сето ова е комплетно комплементарно поклопено со сите наши фискални стратегии и стратегии за економски раст и развој. Верувам дека ќе може да го смени севкупниот имиџ и да го подигне економскиот стандард на граѓаните, БДП и севкупниот извоз, потенцира Заев.

Би можело да ве интересира

Заев: Со новата инвестиција на „Текнопанел“ се отвораат 120 нови работни места со просечна плата над 33.500 денари

А1он

Штипскиот регион еден од најатрактивните за инвестиции

А1он

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Павлески судија на престижните награди „Go Global”

А1он

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

А1он

Биогасната електрана Сарамзалино ќе биде пуштена во април, градежните активности во тек

Ана Ололовска

Заев: Секоја криза е шанса, затоа планираме големи проекти

Жарко Настоски