Интервју со Ацо Ристовски: Аполонија го надмина табуто за казиното со општествената одговорност

Од:

Фондацијата Аполонија е регистрирана во 2007 година, со што фактички и на официјален начин ја продолжува стратегијата на својот основач, компанијата КОРОНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ – општествената одговорност да биде еден од темелите на работењето на компанијата. Дали тоа се покажа општествено корисно?

Ристовски: Условно кажано, сопствената општествена одговорност компанијата ја остварува симултано, на две основи. Првата е создавање оптимални услови и атмосфера во компанијата, со кои вработените ќе можат да ги искажат и остварат своите професионални знаења и вештини, во заеднички интерес. Втората основа е спроведување на истата бизнис филозофија во рамките на локалната заедница и, ако е можно пошироко, на ниво на регион и на ниво на Република Македонија. Општествената одговорност е заснована на деловната политика на компанијата, бидејќи само луѓе кои во основа се задоволни, кои ја наоѓаат сопствената исполнетост и како професионалци но и како колеги и пријатели во рамките на компанијата, можат да го дадат својот оптимален придонес во работењето.

Сопствениците на компанијата го делат мотото на еден од најголемите филантропи од Македонија, гевгеличанецот, за жал неодамна починатиот, Владо Ралев дека стопанственикот има морална обврска дел од профитот да врати во заедницата каде што и го создава. Дали навистина се водите од ова мото или преку хуманитарните донации Аполинија сака да го „покрие“ бизнисот со казиното во Гевгелија?

Ристовски: Бидејќи целиот мој работен век го поминав во хотелскиот дел на компанијата, кој и статутарно и книговодствено е одделен од работењето на казинскиот дел, не можам да го коментирам делот од Вашето прашање дека фонацијата сака да покрие некаков бизнис. Тогаш се појавува прашањето- што значи тоа? Фактите го кажуваат следното: бизнисот со казиното се одвива врз основа со законот за посебни игри на среќа на Република Македонија, со сета обемна и потребна книговодствена евиденција, и со многу чести контроли од надлежните финансиски институции. Колку што ми е познато, животната филозофија на основачот на компанијата, Ларс Клинг е дека на врвот на човековата етика е определеноста да се живее од сопствениот труд, но истовремено да им се помага и овозможува на што повеќе луѓе да и тие имаат услови да ги остварат своите професионални и човечки потенцијали. Истата животна филозофија ја делат и неговите керќи, Марија и Ингела, а секоја од нив, на свој начин учествува во постојаното зацврстување на горенаведената деловна политика, со лично учество и посветеност, многупати докажана во изминативе години.

Предрасудите и личните впечатоци на одреден број луѓе, дека поимот „казино“ асоцира на нешто опасно и измамничко, тешко се менуваат.

Ваквата ситуација беше евидентирана и во Гевгелија и околината, во почетокот на работењето на казиното Аполонија, пред 33 години. Но, со тек на времето, многумина увидоа дека, и покрај разбирливите многубројни специфики и казино бизнисот е како и секој друг, па така за Гевгеличани веќе одамна не е никакво табу. Особено не кога се работи за Аполонија, затоа што тоа име стана заштитен знак за учество во развојот на заедницата. Затоа и сите не препознаваат во средината како хуманитарна фондација.

Значи дека сега жителите во Гевгелија повеќе ве доживуваат како хуманитарна фондација, отколку како место на кое се организираат игри на среќа?

Би било корисно, да во некоја следна прилика побарате податоци, од некои порелевантни лица, за економските показатели од работењето на трите казина во Гевгелија, во однос на: вкупниот приход; износ на платени даноци и други давачки кон државата; бројот на вработени; учеството на казината во приходот на локалните и на компаниите во Република Македонија со кои работат; нивното учество во целокупниот развој на локалната и пошироката заедница; за бројот на гостите кои ги посетуваат казината; со што може да се види пошироката слика за значењето од постоењето на овој бизнис. Овде може да се спомне и фактот дека повеќе од 95% од гостите на казината се од соседна Грција, а за позитивните страни на овој факт треба подолго и подетално да се зборува.

Дали полека фондацијата Аполонија создава чувство на некаква сигурност кај граѓаните ако се знае дека вие донирате во многу области и тоа значајни и одржливи проекти?

Гевгелија е сепак мала средина и, во релативна смисла, не е толку загрозена од велеградските синдроми на отуѓеност, добрите намери и активности брзо се препознаваат. Во таа смисла, активностите на Фондацијата АПОЛОНИЈА, посебно оние насочени кон ранливите групи граѓани наидуваат на големо разбирање и поддршка, како од граѓаните, така и од фирмите, локалната самоуправа и институциите. Тесната соработка со Алијансата, во која членуваат родителите на децата со посебни потреби и евидентираната широка општествена поддршка, секако дека создаваат сигурност кај ранливите групи граѓани дека со заедничко дејствување на државните и локалните институции, на Алијансата, невладините организации, фирмите ќе се овозможат начини за соочувањето и решавањето на нивните проблеми.

Од толку многу проекти можете да издвоите некој што ви е исклучителен?

За нас сите проекти се значајни, затоа што се обидувамеда создадеме услови во кои заедништвото ќе добие на значење а со тоа и самата заедница ќе напредува. Нашите проекти во областа на образованието, културата, заштитата на човековата околина, социјалната сфера, спортот се доказ дека заедно можат да се поттикнат многу активности и остварат многу нешта. Овде сепак да го споменам проектот ДЕН СО ПРИРОДАТА, кој опстојува веќе десетина години и каде секој викенд, 40 до 60 деца на возраст од 6 до 12 години се дружат, одат во природа за да ја запознаат подобро. Сега со сесрдна помош од Алан Корс, волонтер од Американскиот Мировен Корпус во Македонија, со кој инаку Фондацијата Аполонија има извонредна повеќегодишна соработка, со донација добиена од поддржувачите на Фондацијата овие активности ќе ги подигнеме на повисоко ниво, со опремување на мала лабораторија, каде што децата од проектот „Ден со природата“ преку игра и преку научен пристап поблиску ќе се запознаваат со тајните на природата.

Впечатокот е дека вие не делувате на краток рок и кампањски, туку трчате на долги патеки?

Основната стратешка цел при остварувањето на сите проекти на Фондацијата АПОЛОНИЈА е тиа да бидат одржливи, долготрајни, не само заради таквиот наш пристап, туку и заради значењето на самите проекти, како и заради постојаното и сигурно градење а толку потребното заедништво во нашата средина, како сигурна основа и како гаранција за непречен равој на заедницата.

Да не излезе на крајот дека Фондацијата Аполонија е најголемиот донатор во Македонија?

Ние само се обидуваме и постојано се трудиме да ги преточиме во живот и во акција филантропијата на основачите на APOLLONIA GROUP.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

(ВИДЕО) Интервју со Ванковска: Да излеземе од НАТО, а договорите со Грција и Бугарија да се поништат, ако мислиме дека не може, тогаш сите во Вардар

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Карлсон: Ме следеа пред разговорот со Путин

Горан Наумовски