Интерес од кочанските земјоделци за субвенции

Од:

Земјоделците од подрачјето на општините Кочани, Зрновци и Чешиново Облешево, според подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и вдоостопанство во Кочани, во текот на минатата година пројавиле голем интерес за користење субвенции во земјоделството по повеке основи.

Според податоците на подрачната единица на Министерството во Кочани најголем интерес земјоделците покажале за мерката растително и сточарско производство со примени и обработени 3.185 барања. За мерката финансиска поддршка за произведено и продадено млеко во прва фаза се поднесени 315 барања, во втората фаза 385 барања, а во третата фаза 433 барања или вкупно за оваа мерка се поднесени 1.133 барања.

Минатата година земјоделците од Кочанскиот регион пројавиле интерес и за мерката градинско производство и предадено во домашни преработувачки капацитети, вкупно 125 барања, додека за осигурување на примарното земјоделско роизводство се поднесени 38 барања.

За успешно функционирање на системот за Програмата за финансиска подрчка во земјоделството и руралниот развој од страна на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани, внесени, обработени и целосно дигитализирани се 5.500 семејни земјоделски стопанства во единствениот регистар на земјоделески стопанства со околу 1.000 барања за промена во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници