Институциите на тест: кои се опасностите доколку Макпетрол падне во рацете на сомнителни бизнисмени?

Од:

Речиси два месеца јавноста во Македонија е преокупирана со случајот Макпетрол и обидот за преземање на нафтениот гигант од страна на анонимната офшор компанија „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“. Како што веќе пишуваа новинарите-истражувачи, луѓето кои сега се обидуваат да го преземат Макпетрол, пред 13 години успеале тоа да го направат со романската „Рафо“, тогаш една од најголемите рафинерии во Источна Европа. Израелецот Ури Бидер, кој неодамна се појави на акционерското собрание на Макпетрол во име на „БПХЛ“, и во 2003 година за оваа операција користел компанија со речиси идентично име – „Балкан Петролеум“.

Под водство на сомнителните бизнисмени, започнало уништувањето на „Рафо“ – за кусо време илјадници работници останале на улица, а рафинеријата, од движечка сила на романската економија, се претворила во куп старо железо. Можноста за ова сценарио, во кое и државата и работниците во Макпетрол би изгубиле многу, и натаму предизвикува страв и нелагодност во пошироката јавност.

Што ќе се случи ако Макпетрол го снајде судбината на Рафо?

Значењето на Макпетрол за целокупната македонска економија е огромно, а огромни би биле и штетите доколку компанијата би престанала со работа. Макпетрол е најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати, кој покрива повеќе од 60 проценти од пазарот со горива во земјата. Покрај ова, компанијата добавува горива за преку 120 јавни институции. Во случај на прекин на испораката – училишта, болници, министерства општини, градинки и јавни претпријатија би биле блокирани со недели и месеци, додека се најде и законски се ангажира нов добавувач на горива. Некои градови и рурални региони од Македонија, како Крушево, Дојран, Пехчево, Кратово, Маврово, Јегуновце… целосно би останале без можност да се снабдуваат со нафтени деривати, затоа што Макпетрол таму е единствениот дистрибутер.

Стотици транспортни претпријатија и фирми за дистрибуција, кои имаат договори со Макпетрол, би биле спречени да работат, а стопанството целосно би се закочило. Без гориво би останале и македонските аеродроми и авиокомпаниите кои ги користат, затоа што Макпетрол е единствената компанија со која тие имаат договор за снабдување и која има регистирани возила за превоз на керозин.

Колку би изгубила државата?

Евентуалното повторување на горчливото романско искуство со „Балкан Петролеум“ и во земјава, скапо би ја чинело македонската држава и граѓаните. Макпетрол, како една од најголемите компании во земјата, е меѓу најголемите поединечни даночни обврзници. Во 2015 година, компанијата имала вкупни давачки кон државата од околу 174 милиони евра, кои во случај на престанок со работа, би престанале да се слеваат во државниот буџет.

Од оваа бројка, најголем дел сочинуваат ДДВ и акцизата, за кои Макпетрол годишно плаќа по околу 65 милиони евра давачки за државата. Компанијата издржува околу 2 000 семејства, а за плати и придонеси за вработените годишно издвојува по околу 15 милиони евра.

Кога сето ова ќе се земе предвид, повторувањето на сценариото на „Балкан Петролеум“ со романската „Рафо“ и во Македонија, би било катастрофално не само за стопанството, туку и за општеството во целина. На потег, како и сево ова време додека трае ситуацијата со Макпетрол, се државните институции. Нивна работа е да ги истражат информациите за криминал и корупција во минатото на бизнисмените поврзани со „Балкан Петролеум“ и да го заштитат македонското стопанство од сомнителниот странски капитал.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство