Инспекторот казнува кога ќе посака!

Од:

Бизнис климата во Македонија била добра смета власта. Ако ги прашате бизнисмените како влијае казнената политика врз деловниот амбиент тие не сакаат да говорат јавно. Молчат, се плашат и плаќаат. 1.500 евра, 2.500, пет, десет, педесет илјади евра-колку што ќе речат толку.

Зад камерата, велат казните се драконски и тоа некогаш и за банални работи.

„Има смешни примери, на пример казнети се луѓе и по 1.500 евра за неистакнување на телефон на државниот пазарен инспекторат, по закон мора да стои на видно место во локалот или за неистакнување, неистакнување на работно време, неуверување на работното време во општината што е законска обврска, непријавување во пазарната инспекција дека почнале со работа“, изјави Александар Цветковски, АГТИС.

Министерот за економија задолжен за добра бизнис клима, вели казните не биоле големи.

„Тоа е предвидено во законот, така да првата фаза е едукација, втората фаза, доколку не се почитуваат нашите правила, нашите закони, тогаш следува и делот на казните. Мислам дека не се толку строги“, вели Ваљон Сарачини, Министер за економија.

Велат и сто стапа по туѓ грб не болат. Но истражувањата на експертите и невладиниот сектор констатираат дека стопанските субјекти, немоќни да се справат со високите казни и законските лавиринти, прибегнуваат кон феноменот – не бркај закони и услови за работа – бркај инспектори.

„Ние забележавме дека стопанствениците имаат една флоскула која во 100% од ситуациите и 100% е застапена, а тоа е дека ако инспекторот сака, може да те казни, колку и правилно да работиш. Тогаш луѓето наместо да се насочат кон исполнување на законските услови, се насочуваат кон самиот инспектор или кон надежта дека ќе ја ликвидираат фирмата ако дојде до голема казна“, рече Александара Цветковски, Агтис.

Што прави Владата да ја смени ваквата пракса и да ја зголеми довербата кон институциите на системот?

„Испекторатите и Владата немаат ништо направено за да ја зголемат довербата кај тие стопански субјекти, кои во суштина и го полнат буџетот со своите даноци кои ги плаќаат или нормално со царините. Нема ништо направено, прво да се смири таа флоскула, да не се употребува, да не се мисли така, дека инспекторот мора да те казни кога ќе дојде. Самите инспектори говореле кога ќе дојдат, било да е инспектор од УЈП, било да е Државен пазарен инспекторат, било да е од Санитарен инспекторат, дека тие кога ќе дојдат на терен, морале да те казнат, затоа што имале таква наредба“, објаснува Александар Цветковски, АГТИС.

Во првите три месеци од оваа година, активностите на даночниот инспекторат резултирале со откривање на неправилностите во скоро 50 проценти од контролираниоте даночни обврзници, од вкупно 1930 контроли, во 972 случаи инспекциските служби утврдиле неправилности во даночното работење.

Љубиша Николовски

Би можело да ве интересира

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска

ВИДЕО: Затворено кафулето во Бисер кое правеше забава со средношколци

Маја Илиевска-Пачемска

Десетмина охридски угостители добија казни од по 7.000 евра за бесправно изградени тераси и шанкови

Жарко Настоски

Leave a Comment

nineteen + 12 =