Инспектор од Прилеп не знае за незаконски земените пари од земјоделците од ТТК Прилеп

Од:

Во ист стил, со нервози, обвинувања и кавги продолжи надзораната расправа за начинот на делење на субвенциите. И денеска, иако уредно поканет, не се појави поранешниот заменик-министр Кристијан Делев, без никакво оправдување и образложение, за да одговара на прашањата на пратениците имало ли малверзации во негово време.

За ова че биде известен претседателот на Собранието, кој натаму треба, согласно прописите да реагира .

Благоја Дунимаглоски, инспектор во Државниот инспекторат во Прилеп,  Благоја Дунимаглоски, немаше конкретни одговори,  не знаеше и побара писмено и дополнително да одговори на прашањата на пратеникот Горан Сугарески, дали на земјоделците им се вратени средствата од незаконското издавање на земјиште од страна на Тутунскиот комбинат Прилеп.

Не му е познато и дали за ова е известено Јавното обвинителство.

Не знае и дали и што се случувало со 1.400-те украдени евидентни листови од министерството.

Повеќе за атмосферата и дебатата од видеото.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници