Иницијатива Португалија да го напушти еврото

Од:

Португалскиот економист Жоао Фереира до Амарал, чија книга „Зошто треба да го напуштиме еврото“ стана бестселер, смета дека само прашање на време е кога Португалија ќе излезе од европската монетарна унија.

– Порано или подоцна, Португалија ќе биде соочена со откажувањето од еврото. Тоа е неизбежно, изјави Фереира до Амарал.

Неговата книга, која е пуштена во продажба во април, е една од најпродаваните во Португалија во времето кога кризата во еврозоната се повеќе ги стега ремените и доведува до раст на невработеноста.

– Од еврозоната треба да се излезе, со цел таа да се стабилизира, за две или три години, без многу помпа, наведува Фереира до Амарал, заговарајќи враќање на старата португалска валута, ескудата, во договор со европските влади, Брисел и Европската централна банка.

Фереира до Амарал е познат економист во Португалија и се залагаше Португалија да не го усвои еврото во 1999 година.

– Согледав дека португалската економија неизбежно ќе трпи поради приклучувањето кон еврозоната, рече тој, критикувајќи го португалскиот Парламент, поради тоа што го одобрил усвојувањето на еврото без референдум, со што се откажал од основниот инструмент на политичка автономија – печатење на пари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Португалскиот шеф на дипломатијата: Не гледам причина Бугарија повторно да блокира

A1on

Лисабон нема да го поддржи планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти

Ана Ололовска