Инфо сесија за подобри советодавни услуги во земјоделството се одржа во Неготино

Од:

Инфо сесија на тема „Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделството, за подобрување на локалната економија” се одржа денеска во Неготино, во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива”.

Присутни беа земјоделски производители, претставници на агро бизнисот и советници во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

– Целта е заеднички, преку активна дискусија да придонесеме за подобрување на состојбите преку подобра регулатива, рече Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопански комори на Република Македонија

Љубомир Димовски, проектен директор, се осврна на самиот проект. Тој појасни дека на ваквите средби се идентификуваат проблемите кои подоцна се разработуваат и се адресират до релевантни државни институции, со цел да се надминат. Драгослав Коцевски, експерт и долгогодишен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна, рече дека новиот предлог закон кој ја регулира оваа проблематика засега голем број на луѓе.

– Целта на новиот закон е да се подобрат состојбите и да се зголеми пристапот до советодавните услуги во земјоделството, нагласи Коцевски.

Проектните активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал, заедно со Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори.

Би можело да ве интересира

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат

(ВИДЕО) Костовски: Скандал во Неготино, пет пати поскапи цени од реалните: Пазар од злато или пари во џеб?

(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

А1он

Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите