Пијан маж од Неготино со украдено возило искршил рампи на наплатната станица „Виничани“

Од:

Синоќа на автопатот А1, на бензинска пумпа во близина на Неготино, полициски службеници го уапсиле М.Д.(26) од Неготино.

Според МВР, М.Д. украл возило „ауди“ сопственост на С.Д.(38) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано во двор на чичко на пријавителот. Потоа со возилото на автопатот, во правец кон Велес, скршил рампа на наплатна станица „Виничани“, а по кратко време повторно скршил рампа на наплатната станица „Виничани“, но во правец кон Неготино.

Преземени се мерки од страна на полициски службеници, по што М.Д. бил принуден да го запре возилото. Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување и со 1.54 промили алкохол во крвта.

М.Д. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за сторените прекршоци и кривични дела

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

„Камен“ пијан возач од Скопје удри во две паркирани возила

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Притвор за 32 годишник од Пробиштип – возеше пијан, па нападна полицаец

А1он

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај