Инфлацијата во Албанија во февруари 3,9 проценти, највисока во изминатата декада

Од:

Во Албанија продолжува да расте инфлацијата, која во февруари достигна стапка од 3,9 отсто, што е највисока во изминатата декада.

-Зголемената инфлација се повеќе се фокусира на прехранбените производи, енергијата и транспортните услуги, како одраз на значителниот пораст на цените на овие производи на меѓународните пазари. Од вкупната инфлација за февруари 86 отсто доаѓа од горенаведените три групи. Инфлацијата кај групата „храна и безалкохолни пијалаци“ во февруари достигна 6,9 отсто(3,2% минатата година), по брзиот тренд на раст што се бележи во последните месеци, наведува весникот „Монитор“.

Кај транспортот инфлацијата е 10,4 проценти, како последица на растот на цената на горивата, додека кај енегијата 1,8 проценти.

-Сепак инфлацијата останува пониска во споредба со поразвиените економии, како оние на еврозоната или САД. Очекувањата се за натамошно зголемување, со оглед на нагорниот тренд на индексот на цените на производство, оние на увозот или индексот на странски инфлациски притисоци, пресметана од Централна банка на Албанија, стои во анализата на весникот.

Според истиот извор до крајот на февруари, инфлацијата била делумно амортизирана со силните позиции на албанската валута-лек, на девизниот курс.

– Но, со избувнувањето на војната во Украина, вредноста на лекот брзо се намалува во однос на еврото. Се очекува девалвацијата на валутата да има уште поголем ефект врз следењето на увезената инфлација во економијата, заклучува „Монитор“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Катерина Ѓуровски