Индустриската зона „Жабени“ со нов инфраструктурен лик

Од:

Индустриската зона „Жабени“ – Битола која се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница доби нов инфраструктурен лик, асфалтирани влез и паркинг простор, инвестиција на локалната самоуправа.

Според градоначалникот Владимир Талески инфраструктурните вложувања во индустриската зона „Жабени“ се во функција на актуелните и новите инвеститори во зоната чија крајна цел се нови вработувања.

– Асфалтиран е влезот во индустриската зона „Жабени“ и паркинг простор на површина од 5.000 метри квадратни кој е од посебен интерес на вработените во компанијата „Кромберг и Шуберт“ кои работаат во смени. Уредувањето на јавните површини се обезбедува преку финансиските средства на општината, а предвиденото во проектите го обезбедуваат инвеститорите. Во моментов во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ веќе се вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања до крајот на 2013 година, вели Талески.

Од општина Битола очекуваат бизнис плановите на „Кромберг и Шуберт“ во нивниот објект во индустриската зона „Жабени“ да резултираат со изградба на уште еден капацитет, односно производствена хала и вработување на уште 1.000 лица во 2014-та, односно уште 1.500 нови вработувања во 2015 година.

– Во индустриската зона „Жабени“-Битола, проект на локалната самоуправа кој е поддржан од Владата на Република Македонија досега се продадени 48 парцели на 28 инвеститори, издадени се 6 одобренија за градба, а интерес за вложувања во зоната покажале три нови компании, потврди градоначалникот на општина Битола Владимир Талески.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов