Индонезија ќе привлекува странски инвестиции со специјални економски зони и даночни олеснувања

Од:

На посебно заседание на Владата на Индонезија, кое претседателот Јоко Видодо го нарекол „специјално’’, а кое траело до доцна во ноќта, Џакарта денеска усвои нов, шести, пакет економски мерки што треба да придонесат за зголемување на приливот на странски директни инвестиции во оваа 256 милионска држава.

Странските инвеститори со новиот пакет ќе се привлекуваат со погодности во нови специјални економски зони, даночни олеснување и многу големо поедноставување на сега комплицираниот процес за добивање на дозволи за започнување бизнис.

Новите мерки, усвоени по невообичаено итна постапка за приликите во Индонезија, се резултат на извештајот на Светската банка во делот „дуинг бизнис“ во кој државата сега е рангирана на 109-то место од вкупно 189 држави што се на листата.

Индонезија во однос на претходната година е на 11 места погоре на листата на „дуинг бизнис’’, но таа позиција се уште не е добар знак дека странските инвеститори полесно ќе се одлучат да учествуваат во инвестициониот циклус, кој во следните пет години треба да обезбеди над 460 милијарди долари вложувања само во инфраструктурата и енергетскиот сектор.

Министерот координатор за економија Дармин Насутион, кој до лани беше гувернер на централната Банка на Индонезија, во денешната изјава за медиумите истакнува дека досегашните пакети за олеснување на бизнис климата веќе идната година ќе ја рангираат Индонезија најмалку на 80-то место меѓу државите атрактивни за бизнис.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници