Индиските браќа Дејвид и Сајмон Рубен се најбогатите во Велика Британија, на традиционалната листа на неделникот „Сандеј Тајмс“ за оваа година.
Нивното богатство се проценува на 13,1 милијарди фунти. Браќата Рубен кои се родени во Мумбаи, а сега живеат во Лондон, каде е и седиштето на компанијата се занимаваат со бизнисот со недвижен имот.
Тие меѓудругото се сопственци на лондонскиот Милбанк деловен облакодер, на стојовната куќа „Џон Луис“, лондонскиот Оксфорд аеродром и лондонскиот хелиодром.
За една година, браќата Рубен своето богатство го имаат зголемено за 3,4 милијарди фунти.
На вторто место се други двајца индиски браќа, Шри и Гопи Хиндуџа, сопственици на компанијата „Хиндуџа Груп“, кои и минатата година беа втори, со истиот износ богатство од 13 милијарди фунти.
На третата позиција меѓу илјада најбогати во Британија е сопственикот на „Ворнер Мјузик“ Лен Блаватник со 11,5 милијарди.
Индискиот „крал на челикот“, Лакшми Митал кој во 2008 година беше убедливо најбогатиот Британец, со 27,7 милијарди фунти, сега има богатство од 7,1 милијарди и е рангиран на 11. место.
На годинешнава листа, за прв пат по банкарската криза во 2008 година, бројот на лондонските милијардери е намален од 80 во 2015 година, на 77 оваа година, но за прв пат има дури 125 жени на листата на најбогатите.
Како најбогат Британец, кој самиот го има создадено богатството, е прогласен домашниот изумител и иноватор Џејмс Дајсон чие богатство за само една година е зголемено за 43 отсто и сега се проценува на пет милијарди фунти.
На годинешнава листа, најбогат спортист е Луис Хамилтон, возач на Формула 1, со 108 милиони, а најбогат млад спортист, е промовиран фудбалерот Вејн Руни со 80 милиони фунти.
Пол Макартни и натаму е најбогатиот музичар со 760 милиони, додека Адел е најбогатата британска жена пејачка, со 85 милиони фунти.
На листата на „Сандеј Тајмс“ за најбогата жена е прогласена Денис Коатс сопственичка на светски раширената он-лајн компанија за кладење „Бет365“, со богатство од 3,7 милијарди фунти.