Индексот Стандард и Пурс 500 порасна на рекордно највисоко ниво

Од:

Индексот на Њујоршката берза Стандард и Пурс 500 синоќа на крајот на берзанското тргување достигна ниво од 1.588 индексни поени, што претставува негова највисока вредност во историјата.

Досега рекорното највисоко ниво од 1.576 индексни поени Стандард и Пурс 500 го оствари на 11 пктомври 2007 година, односно пред избувнувањето на глобалната економска криза.

Покрај Стандард и Пурс, на вчерашното берзанско тргување на Волстрит порасна и индустрискиот индекс Дау Џонс и тоа за 125 индексни поени на 17.799 поени, што претсставува негов најголем дневен раст во последниве шест недели.

Растот на вредностите на индексите на Берзата во Њујрок следи по минатонделениот пад на довербата на инвеститорите, предизвикан од неповолните податоци за состојбата на пазарот на трудот во САД и од показателите за забавување на растот на американската економија во текот на март.

Би можело да ве интересира

Клинички центар купува државна струја по берзански цени: ЕСМ Продажба единствен понудувач

Орце Костов

Палестинци планирале да ја „заробат“ берзата во Лондон

Пад на светските берзи во првата недела од 2024 година

А1он

Светските берзи „паднаа“ за околу 20 отсто во 2022 година, најмногу од 2008 година

Горан Наумовски

Пад на светските берзи, се чекаат одлуките на централните банки за каматните стапки

Силен раст на светските берзи

Горан Наумовски