Илон Маск купи биткоини за 1.5 милијарди долари, автомобилите Тесла ќе може да се купат со криптовалутата

Од:

Компанијата Тесла денеска соопшти дека купила биткоини во вредност од 1.5 милијарди долари и дека планира да ги продава своите производи со криптовалутата.

Во апликацијата до Комисијата за хартии од вредност и берзански тргувања (СЕК), Тесла посочува дека откупува биткоин „за поголема фелсибилност во понатамошната диверсификација и максимизирање на повратокот на кеш“.

Компанијата исто така изјави дека започнува да ја прифаќа криптовалутата за набавка на своите производи, но дека тоа ќе биде „подложно на актуелните закони и начелно ограничено“.

Како што јавуваат некои американски медиуми, ова ќе биде првпат голем производител на автомобили да најави продажба преку биткоин.

Претседателот на Тесла, Илон Маск, поттикна повеќе прашање по неговото однесување на Твитер деновиве, откако тој постираше позитивни пораки луѓето да купуваат биткоини, што доведе до зголемувањето на вредноста на криптовалутите како биткоинот и доџкоинот.

Со најавата на Тесла, вредноста на биткоинот порасна до 44.200 американски долари. Акциите на Тесла денеска пораснаа за 2 отсто.

Во апликацијата до СЕК, компанијата ги предупреди инвесторите дека вредноста на биткоинот е со екстремни варијации.

Би можело да ве интересира

Маск ја прошири тужбата против OpenAI, сега го тужи и Мајкрософт

ВИДЕО: Илон Маск доби функција од Трамп, водител од Фокс ќе биде министер за одбрана

Катерина Ѓуровски

Вредноста на биткоинот надмина 86.000 долари

Уште една тужба против Илон Маск: Давањето милиони на потенцијалните гласачи е „незаконска лотарија“

Маск: Ќе се заостри цензурата во САД доколку победи Камала Харис

Илон Маск организира лотарија – секој ден по милион долари за еден гласач на Трамп

Горан Наумовски