Идната година еврозоната би можела да се врати во нормала тврди ЕЦБ

Од:

Економијата на еврозоната веројатно нема да се врати на нивото пред пандемијата до идната година, а закрепнувањето би можело да трае подолго, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн.

– Во секој случај, гледано од сегашната перспектива, се чини дека економската активност нема да се врати на нивото пред кризата пред 2021 година и закрепнувањето би можело да трае подолго , изјави Лејн.

Лејн додава дека ЕЦБ континуирано ја следи ситуацијата и е подготвена да ги прилагоди сите инструменти доколку е потребно, вклучително и програмата за итни случаи за време на пандемијата.

Лејн истакна дека доколку ЕЦБ забележи дека условите за финансирање се премногу строги или дека притисокот на одредени пазари на обврзници не ги одразува економските показатели, ќе можат да ја прилагодат вредноста или роковите на набавка на средства, што можат флексибилно да ги распределат со тек на време и сегменти на пазарот.

Од Европската централна банка посебно се фокусирани на анализата пред редовната седница во јуни.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот