Иако поднесен пред три месеци, се уште се разгледува подготвениот договор за влез на првата голема македонска компанија во ТИРЗ

Од:

Договорот со првата голема македонска компанија која планира инвестиција во една од скопските развојни зони е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци, изјави денеска за МИА директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

Деспотовски потсети дека според проекциите и најавите, компанијата требаше да стартува со инвестицијата минатиот месец во ТИРЗ Скопје, но договорот е „заглавен“ во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

-Договорот е подготвен и поднесен на разгледување кај надлежните институции пред околу три месеци. Се уште очекуваме институциите да се произнесат пред да ја објавиме инвестицијата. Конкретно, договорот е кај Комисијата за заштита на конкуренцијата. Компанијата требаше да влезе во зоната во јуни. Ако добиеме одговор од Комисијата, уште утре ќе можеме да почнеме со реализација, рече Деспотовски.

Првата голема македонска компанија чија инвестиција се најавува уште од минатата година, според директорот на ТИРЗ, ќе поттикне отворање на инвестицискиот потенцијал на домашните компании.

Би можело да ве интересира

Бројот на вработени во ТИРЗ достигна 18.000, бруто платата надмина 60.000 денари

Орце Костов

Стоилковски: Ливадата со нарасната трева наместо фабрика е единствениот проект од „Зелената агенда“ на ДУИ и нивната експозитура СДС

Митева: Деспотовски јавно да објави барем една инвестиција која тој лично успеал да ја привлече

20 отсто за нов објект, останатото за опрема, ТИРЗ не кажува во што конкретно се состои инвестицијата од 126 милиони евра на „Гересхајмер“

Маја Илиевска-Пачемска

​ТИРЗ: Скопје 3 – прва зона за висока технологија со потенцијал од над 860 милиони евра инвестиции

А1он

Деспотовски: ТИРЗ во целост го реализираше планираниот буџет за компаниите, близу сме до вкупен извоз од три милијарди евра

А1он