„Хунгарикум“ за промоција на унгарските производи и услуги

Од:

Конференција на која ќе биде презентиран системот што ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги „Хунгарикум“, организира денеска Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во соработка со Амбасадата и Министерството за земјоделство на Република Унгарија.

Како што соопшти ССК, целта на конференцијата е да се презентираат позитивните примери, да се разменат искуства и да се поттикне бизнис соработката меѓу унгарските и македонските компании кога станува збор за промоција на традиционалните производи на меѓународниот пазар и нивната заштита под заеднички бренд.

Пред присутните ќе се обратат амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Дукс, оперативниот директор на ССК Александар Зарков, заменик државниот-секретар во Унгарското министерство за земјоделство Лоранд Иштван Сакали и економскиот советник во Амбасадата на Унгарија Ервин Сзел.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година