Хрватска со најголем пораст на индустриското производство во однос на земјите од ЕУ

Од:

Хрватска, покрај Ирска и Данска, забележа најголем пораст на индустриското производство во октомври во однос на претходниот месец меѓу земјите во Европската унија, покажува извештај на европскиот статистички уред.

Во Хрватска сезонски прилагоденото индустриско производство во октомври порасна 2,7 отсто на месечно ниво, со што нејзиното темпо е двојно зголемено во однос на септември, кога е зголемено 1,4 отсто, покажуваат податоци на Евростат.

Најголем пораст на производство на месечно ниво забележа Ирска, за 10,6 отсто, потоа Данска со 2,8 отсто. Во однос на претходниот месец, најмногу е намалено производството на Малта, за 6,1 отсто, во Португалија за 2,3 отсто и Германија за 1,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин