Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ја поддржа идејата на српскиот премиер Александар Вучиќ за формирање Балканска царинска унија, објави белградскиот весник „Политика“.
– Го поздравувам активниот придонес на Србија во регионалната соработка, а, исто така, и идеите кои водат кон идна интеграција, вклучувајќи ги и предлозите за создавање Царинска унија, изјави Хан за весникот.
Пред ова, српскиот премиер Александар Вучиќ излезе со иницијатива на Балакнот да се формира Царинска унија, која ќе обединува 18 милиони лица.
Весникот наведува дека Вучиќ веќе ги оддржал првите консултации на оваа тема со босанскиот премиер Денис Звиздиќ, а исто така и со шефот на албанската Влада, Еди Рама.
Проектот за Балканска царинска унија, што српскиот премиер ја предлага за Западен Балкан, предвидува ослободување од плаќање внатрешни такси и царини, а исто така и од ограничувања за превозот на стоки и примената на заедничка царинска тарифа во секоја земја на организацијата.
Балканската царинска унија би опфаќала пазар со население од 18 милиони лица и БДП во кој во 2016 година влегле 243 милијарди долари.
Прашањето за формирање заеднички пазар во Западен Балкан првпат беше поставено за време на средбата меѓу Александар Вучиќ и еврокомесарот Хан на економскиот форум во Давос.