„Гугл“ се најде на тапет во Франција заради неплаќање данок

Од:

Американскиот веб пребарувач „Гугл“ можеби на Франција ќе треба да и плати 1,7 милијарди евра, откако во текот на истрага се утврди дека вовел механизам со кој неговата добивка остварена во оваа земја ја насочувал кон Ирска, што, како што се претпоставува, му овозможило да го избегне плаќањето на данок во износ од пет милиони евра, пренесоа денеска француските електронски медиуми.

Францускиот министер за буџет, Жером Каизак, вчера потврди дека француската администрација се наоѓа во преговори со „Гугл“.

-Администрацијата побара од оваа компанија да ја регулира ситуацијата, рече Каизак.

Тој, меѓу другото, додаде дека, доколку се покаже за потребно, во преговорите може да се вклучи и судот.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано