ГСОЛ/Еуроникел: Тасева го крши законот за приватност

Од:

„Во својата желба и понатаму еднострано да упатува критики и обвиненија на погрешна адреса, кога станува збор за случајот ФЕНИ, денес повторно сме сведоци како Слаѓана Тасева ги крши основните принципи за кои се залага Транспаренси Интернешнл, и уште поважно прекрши сериозни човекови права, кои се заштитени со закон, како во Македонија, така и на меѓународно ниво.

Токму според законот за заштита на лични податоци, Тасева треба да знае (и да го применува законот) дека со објавување на документи во јавност, има обврска да ги отстрани личните податоци на индивидуални лица. Заради овој сериозен прекршок направен од страна на Тасева, двете лица кои се споменати во документите објавени од страна на Транспаренси ќе поднесат прекршочна пријава според член 9 од Законот за заштита на лични податоци.

Се прашуваме дали Тасева навистина следи што се случува во, како што вели самата случајот ФЕНИ со оглед на тоа дека во текот на вчерашниот ден беше доставен ревидираниот план за реорганизација според насоките на Апелацискиот суд. Ова не е првпат Тасева да си поигрува со информациите и притоа да не ја презентира и втората страна во случајот. Поради тоа веќе е поднесена тужба за клевета во Основниот суд во Скопје за изнесените наводи на прес конференцијата каде Тасева, повторно спротивно декларираните принципи на Транспаренси Интернешенел, се стави себеси во функција на еден правен субјект, без воопшто да го земе предвид целокупниот контекст.

Се надеваме дека оваа тенденција на еднострано застапување не е политика на Транспаренси Интернешнл, бидејќи во случајов недостасува зборот транспарентност во нивните постапки. Вредностите на Транспаренси Интернешнл за кои организацијата се залага се транспарентност, одговорност, интегритет, солидарност, храброст, правда и демократија, и Тасева во нејзината функција треба да стои во одбрана на сите овие принципи и примена на словото на законот“ се вели во соопштението на ГСОЛ/Еуроникел.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Склучен е договор за продажба на „Еуроникел индустри“, се очекува поранешните вработени да се вратат на работа

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Вработени во „Еуроникел“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката